Лајпциг попладнево објави дека ја прекинува соработката со Кевин Кампл, 35-годишниот словенечки фудбалер кој со години наназад беше дел од овој бундеслигаш.
Кампл сезонава воопшто не настапуваше за Лајпциг поради семејни причини, најпрвин почина неговиот брат, а сега и неговиот татко е тешко болен, па Словенецот самиот побарал раскин на договорот за да може да се посвети на семејството.
Лајпциг планира да му организира збогување на дуелот против Баерн на 17 јануари, со што ќе биде ставен крај на успешната соработка што трае уште од 2017, кога овој фудбалер пристигна од редовите на Баер Леверкузен.
„Секогаш ќе ги паметам овие осум и пол години во Лајпци, од првиот ден бев пречекан на прекрасен начин, заедно испишувавме историја, ги освојувавме првите клупски трофеи. Сепак, сега е време за други приоритети. Како што тоа го правев во последните месеци, сега целосно ќе се фокусирам на семејството и мојот дом. Не би сакал целосно да ја исклучам можноста за враќање на терените еден ден, но во моментов тоа ми се чини сосема нереално. Сакам многу повеќе време да минувам со луѓето кои ми се најблиски“, истакна Кампл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

