Легендарниот словенечки ракометар Јуре Доленец објави дека на крајот од оваа сезона ќе стави крај на својата фантастична професионална кариера.
Големиот ас низ кариерата настапуваше за неколку врвни европски клубови, а беше дел и од Барселона во периодот кога боите на каталонскиот гигант ги бранеа и Македонците Кире Лазаров и Борко Ристовски. Тој по Барселона во Лимож, потоа следеше трансфер во Нексе во Хрватска, а последната сезона ја мина во Слован во словенечкиот шампионат, со што на 36-годишниот ветеран му се исполни желбата токму во татковината да ја заврши богатата кариера.
„По 21 година минати во сениорскиот ракомет, дојде време да се каже збогум. Натпреварите од домашното првенство ќе бидат последни во мојата кариера. Голема благодарност до сопругата и двата сина за жртвите што ги направија сите овие години. Благодарност и до родителите и до двете сестри, многу работи ќе беа поинакви ако ја немав вашата поддршка. Цел живот ќе уживам и ќе ги паметам пријателствата што ги создадов во светот на ракометот сите овие години“, објави Доленец на својот профил на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

