Словенецот Тадеј Погачар на доминантен начин ја одбрани титулата на Тур де Франс (ВИДЕО)

Словенечкиот велосипедист, Тадеј Погачар на убедлив начин ја одбрани титулата на најпрестижната трка во светот, Тур де Франс. Погачар на денешниот хронометар успеа да ја задржи големата предност која што ја имаше пред ривалите и да стигне до втората победа на трката околу Франција.

Второто место му припадна на младиот Данец во редовите на Џамбо Висма, Јонас Вињегард, додека подиумот го надополни Колумбиецот Ричард Карапаз во Инеос. Утре останува само последната етапа на Елисејските полиња која ќе биде само формалност, а потоа и официјално ќе биде крунисан младиот Словенец за старо нов крал.

 

 

Се вчитува...