Словенецот Цехте од Е. Пелистер се сели во Фуксе Берлин!?

Словенечкиот репрезентативец од редовите на Е. Пелистер, Нејц Цехте би можел наскоро да се пресели во редовите на германски Фуксе Берлин, пренесува ракометниот портал ‘Хендболија’.

Според пишувањето, тимот од Берлин е подготвен за соодветна отштета да го откупи договорот на Цехте од битолчани. Словенецот би бил замена во Фуксе Берлин за повредениот Фабијан Виде.

Како што е познато, „пелистерци“ на позицијата десен бек покрај Цехте ги имаат и Усама Хосни и Анджеј Видомски.

Се вчитува...