Словенецот Винчиќ ќе ја дели правдата на мечот со Украина во Прага

Словенецот Славко Винчиќ од Словенија ќе ја дели правдата на натпреварот меѓу Украина и Македонија во квалификациите за ЕП 2024, кој се игра во сабота (14. октомври) од 15 часот на „Епет Арена“ во Прага, Чешка.

Како што е познато, поради воената ситуација во својата земја, Украинците домашните натпревари од квалификациите за ЕП ги играат надвор од Украина, па овој пат се одлучија во Прага да ја нагостат Македонија.

На Винчиќ ќе му помагаат неговите сонародници Томаж Кланчник и Андраж Ковачиќ.

Се вчитува...