Словенија без Едо Муриќ на Мундобаскет?

Кошаркарската репрезентација на Словенија најверојатно ќе настапи без Едо Муриќ на престојното Светско првенство откако репрезентативецот заработи повреда на четвртиот натпревар од финалната серија во словенското првенство во кој неговата Цедевита Олимпија го освои трофејот.

Големиот борец мораше да биде изнесен надвор од теренот со помош, а според првичните информации станува збор за повреда на лигаментот на десното колено, повреда која ќе го спречи да настапи на светскиот собир.

Се вчитува...