Словенија ќе биде значително ослабена за претстојниот европски шампионат откако селекторот Урош Зорман се соочи со проблеми.
Искусните Благотиншек и Мачковшек, кои важат за важни играчи во одбранбената зона, се пожалиле на замор по клупската сезона и самите побарале да го пропуштат овој шампионат. Двајцата не тренираат од стартот на подотовките, но се вклучени на списокот на резерви и би влегле во комбинација само во случај на некоја несакана повреда.
Згора на тоа, бекот на Кил, Миха Зарабец, е повреден и исто така нема да му биде на располагање на Зорман за ова ЕП, а отпадна и бекот на Вардар, Јака Малус, исто така поради повреда.
Словенија ќе биде дел од групата во Осло, каде ќе се соочи со селекциите на Црна Гора, Швајцарија и на Фарските Острови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

