Словенија без Мајк Тоби во квалификациите за ЛОИ

Селекторот на словенечката репрезентација Александар Секулиќ нема да смета на искусниот Мајко Тоби за претстојните акции на оваа селекција. Ова е епилогот од разговорот меѓу Секулиќ и Тоби кој го имале во петокот, пренесуваат словенечките медиуми.

Во меѓувреме, Словенците натурализираа уште еден Американец на гоистата позиција, Џош Нибо, кој веќе одигра еден меч (пријателска со Литванија) и ќе биде адут за Словенците во претстојните олимписки квалификации.

По разговорот со Тоби, Секулиќ му се заблагодари на Американецот за професионалниот однос од почетокот на подготовките. Словенија пред почетокот на квалификациите ќе одигра уште еден контролен натпревар, а ривал ќе им биде Бразил.

Најважната вест за Словенија, сепак, е дека Лука Дончиќ ќе биде подготвен да му помогне на тимот откако му беа извршени прегледи на коленото и доби „зелено светло“ од докторите.

Се вчитува...