Ракометарите на Словенија стигнаа до втората победа во групата Д на Европското првенство во Германија откако денеска рутински и без поголеми проблеми славеа против репрезентацијата на Полска со 25-32.
Словенците уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу победникот откако на пауза заминаа со плус шест 14-20. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 25-32. Гаспер Маргуч со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Олејничак, Сичко и Пјетрашик постигнаа по четири.
Холандија и нанесе вистински срам на Босна и Херцеговина победувајќи ја со 36-20. Во последниот меч од терминот од 18 часот Португалија славеше над Чешка со 30-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

