Словенија е хит во Париз: Победа над Норвешка за полуфинале на ЛОИ

Ракометната репрезентација на Словенија е вистински хит на игрите во Париз откако успеа да се пласира и во полуфиналето на олимпискиот турнир, совладувајќи ја Норвешка во псоледното четвртфинале со 28-33.

Oткако во почетните десет минути се играше гол за гол, Словенците влегоа во одличен ритам па на пауза успеаја да заминат со највисоки плус четири 12-16.

На почетокот на второто полувреме Норвешка играше подобро, но Словенците некако успеваа да ја задржат предноста и на десет минути до крајот да влезат со позитива од три гола 23-26. Словенија успеа да ја задржи предноста и да стигне до конечен триумф од 28-33. Алекс Влах со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Блонц постигна седум гола.

Во полуфиналето Словенија ќе игра против Данска, додека во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Германија и Шпанија.

Се вчитува...