Словенија го совлада Казахстан и го испрати во „Ц“ Лигата на Нации

Со голот на Јан Млакар, селекцијата на Словенија го совлада тимот на Казахстан, и со тоа домашните се најдоа на последното место на табелата, со мали шанси да напредуваат, и така се наоѓаат пред испаѓање во сегментот Ц од Лигата на Нации.

Словенците буквално се намачија да дојдат до победата, и да се рехабилитираат по убедливиот пораз од Норвешка пред неколку дена. После долг пат од речиси 6000 километри од Осло до Алмати, Словенија успеа да дојде до триумфот.

Млакар во 55. минута го постигна голот вреден три бода, но на крајот Казахстан имаше шанса да израмни и да се спаси од пораз, но ја погоди само пречката од голот на Облак.

Се вчитува...