Србија и Словенија играат без голови 0-0 на полувреме на „Алијанц арената“ во Минхен во натпревар од 2. коло во групата Ц на Европското првенство во Германија.
Првите 25 минути од натпреварот поминаа без никакви возбудувања, откако двете репрезентации повеќе мислеа како да го одбранат својот, отколку како да го нападнат противничкиот гол.
Првата полушанса на натпреварот ја имаше Србија во 27. минута кога Душан Влаховиќ биеше со глава, но Јан Облак без никакви проблеми интервенираше.
Неверојатна шанса имаа Словенците во 37. минута кога Елшник ја погоди стативата на Србите, а лошо изреагира и Шешко кој од непосредна близина го промаши целиот гол. Првата убава шанса Србија ја имаше во 41. минута кога Александар Митровиќ биеше од непосредна близина, но добро интервенираше Јан Облак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА