Ракометната репрезентација на Словенија стигна до првата победа на Летните олимписки игри во Париз со триумф од 31-29 во балканското дерби против Хрватска.
Хрватска беше подобриот противник во првото полувреме, во неколку наврати имаше и предност од четири голови (7-11), но финишот на средбата им припадна на Словенците кои успеаја да изедначат на 13-13. Добриот моментум на словенечките ракометари продолжи и во второто полувреме во кое по играта „гол за гол“, Словенија со серија од 5-0 стекнаа преднот од 25-21 и истата не ја испуштија до крајот.
Сега Словенија и Хрватска имаат изедначен скор во групната фаза од по една победа и еден пораз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА