Кошаркарската репрезентација на Словенија продолжува со подготовките за Светското првенство во Јапонија, Филипини и Индонезија.
Словенците денеска во контролен дуел славеа над Јапонија со убедливи 103-68. Oткако по првата четвртина Јапонците успеваа да се држат на пристојни пет поени разлика, Словенците уфрлија во повисока брзина во вториот период, па веќе на полувреме имаа двоцифрена предност од 50-36.
Во второто полувреме Лука Дончиќ и соиграчите само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 103-68.
It’s a kind of magic 🪄#mojtim | @TelemachSi | @SloveniaInfo pic.twitter.com/NdW9l2Zpj6
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) August 19, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

