Словенија поразена од Велика Британија, дербито помеѓу Германија и Франција за „триколорките“

Кошаркарките на Словенија го загубија првиот натпревар на Европското првенство откако беа поразни од страна на Велика Британија со 76-71. Словенките одлично го започнаа натпреварот за предност од 11-23 по првата четвртина, истата ја задржаа до пред самиот крај на третата четвртина за 44-54, но оттогаш се беше во знакот на Британките.

Серијата од 16-2 донесе целосен пресврт и двоцифрената негатива ја претвори во предност од 60-56 пред последната четвртина, а во нив островјанките го задржаа моментумот за два бода.

Дерби натпреварот помеѓу Германија и Франција заврши со триумф на „триколрките“ со 50-58.

Претходно Србија ја започна одбраната на титулата со победа над Турција, а на триумф се радуваа и Црна Гора, Унгарија, Чешка, Белгија и Латвија.

Се вчитува...