Селекторот на Словенија, Александар Секулиќ го објави поширокиот список на повикани кошаркари за настап на престојниот Евробаскет кој започнува на крајот на месец август и почетокот на септември.
Очекувано дел од повиканите кошаркари е и НБА ѕвездата Лука Дончиќ. Покрај него тука се и искусните Зоран Драгиќ, Едо Муриќ, Алексеј Николиќ, Влатко Чанчар, Клемен Препелиќ и Грегор Хорват, а ќе биде интересно кој од повиканите млади кошаркари ќе се најде на конечниот список на патници во Полска со оглед на тоа што Словенија располага со бројни талентирани кошаркари.
За разлика од минатото кога Словенија повикуваше два натурализирани кошаркари, овој пат на списокот се најде само Џош Нибо, но неговиот настап е под знак прашалник со оглед на повредата која го мачеше во поголемиот дел од сезоната.
Selektor Aleksander Sekulić predstavlja seznam 19 igralcev, ki bodo čez dobra dva tedna začeli s pripravami na EuroBasket 2025! 💪🏼#kzs I #mojtim pic.twitter.com/WpvXSfYTaW
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) July 7, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

