Словенија со рекордни 90 олимпијци на ЛОИ 2024 во Париз

Словенија, земја со околу 2 милиони жители, на престојните Летни олимписки игри 2024 ќе биде со рекордни 90 олимпијци.

За земја која традиционално ги негува зимските спортови, ваков пробој на атлетите на ЛОИ е огромен исчекот и потврда на системската работа која постои во најразвиената земја од поранешна Југославија.

Словенечката експедиција во Париз патува без најголемата ѕвезда, Лука Дончиќ, откако потфрли кошаркарката репрезентација, но на 33. Олимписки игри, сепак, ќе бидат со 90 спортисти што е најголем број за нив досега во историјата. Во 17 спортови ќе ја претставуваат, 46 машки и 44 женски натпреварувачи.

Досега во историјата Словенија има 76 одликувања од Олимписките игри. Најпознато име за Париз е велосипедистот Тадеј Погачар, а големи се очекувањата и од нивните одбојкарски селекции.

Се вчитува...