Словенија стигна до првото злато на ЗОИ 2026

Словенечката мешана репрезентација во ски-скокови, и го донесе на својата земја првото злато на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина Д’Ампецо во 2026 година.

Тимот го сочинуваа Домен и Ника Превц, Анже Ланишек и Ника Водан. Среброто и припадна на Норвешка, додека бронзата ја освоија Јапонците.

Словенечките скокачи ја изведоа првата серија со голем успех. Ника Водан ги предводеше на почетокот со скок од 100 метри, а Анже Ланишек го изведе својот најдобар скок, кој беше два метра подолг. По нивните настапи, Словенија беше 6,3 поени пред второпласираната Австрија. Предноста беше задржана и по скокот од 97,5 метри на Никa Превц.

Словенците во финалната серија продолжија со импресивни скокови. Водан лесно ја прескокна зелената линија и слета на 98,5 метри. Во својата група, само Норвежанката Ана Одине Стром беше подобра со 101 метар, што го врати нејзиниот тим на второто место пред Јапонија.

Но, иако Стром успеа малку да ја намали разликата, таа повторно се зголеми по брилијантната изведба на Ланишек. Со 101 метар, тој беше четири метри пред својот норвешки ривал Кристофер Ериксен Сундал, што ѝ донесе на Словенија водство од 20,7 поени по половината од финалето. Јапонија ја искористи лошата изведба на Сундал и се врати на второто место.

Ника Превц скокна 98,5 метри во третата серија, освојувајќи 132,7 поени, додека нејзиниот брат Домен го потврди триумфот со скок од 102,0 метри. Тој скок ѝ донесе на Словенија уште 141,5 поени, за вкупно 1069,2 поени и прво место. 

Се вчитува...