Словенија во еуфорија: Феноменален пречек за шампионите (ВИДЕО)

Цела Словенија беше на нозе синоќа, а славјето траеше до раните утрински часови. „Златните кошаркари“, предводени од селекторот Игор Кокошоков пристигнаа дома, а повеќе од 25.000 Словенци им приредија фантастичен пречек. Се славеше во сите словенечки градови, а тие пристигнаа на плоштадот во Љубљана, каде властите организираа 3.000 литри бесплатно пиво.

slovenci precek 2

„Але, але, Словенија е првак на Европа“, ечеше од илјадници грла, славејќи ги Горан Драгиќ, Лука Дончиќ и останатите кошаркарски херои.

Се вчитува...