Во групата А, пак, во Љубљана, Швајцарија не успеа да направи сензација против Унгарија, иако водеше со 15-13 на полувреме. Беше израмнето се до последните десет минути кога Унгарките направија серија и победија со 33-28. Катрин Грета Клујбер со девет гола беше најдобра во победничкиот тим.
Европското првенство 2022 се одржува во Целје и Љубљана во Словенија, Подгорица, Црна Гора, и во Скопје. Натпреварите во нашата Група Ц, почнуваат утре во „Борис Трајковски“ со дуелот од 18 часот меѓу Македонија и Франција.
ГРУПА А (ЉУБЉАНА)
Унгарија – Швајцарија 33-28
Норвешка – Хрватска (20:30 ч.)
ГРУПА Б (ЦЕЛЈЕ)
Данска– Словенија 26-27
Шведска – Србија (20:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА