ЕХФ ги објави и официјалните лица за утрешните натпревари од ЕП 2026, при што улогата на главни судии на утрешниот меч меѓу Македонија и Романија им беше доделена на Бојан Лах и Давид Сок од Словенија.
Во првото коло за арбитри имавме Молдавци, во втората рунда босански судии се грижеа за делење на ракометната правда на нашиот меч со Португалија, а Сок и Лах се задолжени за арбитражата против Романците.
Втора задача на овој европски шампионат добија и македонските арбитри Благојче Тодоровски и Димитар Митревски. Тие ќе бидат судии на дербито на групата Ф, во кое утре Унгарија и Исланд ќе водат битка за првото место во групата во Кристијанштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

