Не е ниту Германија земја без гафови. Во тоа се уверија словенечките кошаркари кои во Германија на актуелниот Евробаскет пристигнаа како бранители на европската шампионска титула. А, веќе на првиот ден од Европското првенство беа заборавени.
Вчера Дончиќ и соиграчите на паркетот стигнаа до важна победа над Литванија, но пред тоа доживеаја непријатно искуство. Организаторот на шампионатот заборави на нив, не испраќајќи автобус за транспорт до салата, па снаоѓајќи се сами итно на натпревар заминаа со такси.
Залудно кошаркарите на Словенија во 15:30 часот го чекале автобусот од организаторите, па откако виделе дека се заборавени челниците на Кошаркарскиот сојуз одлучиле да се замине со неколку такси-возила за своите играчи за да не се задоцни на натпреварот со Литванија.
Where is the team BUS, @EuroBasket @FIBA ???!!!????
We must take 🚕 for transfer to the first game of #EuroBasket 🤷🏻♂️🤷🏻♂️🤷🏻♂️. #mojtim 🏀🇸🇮💪 #BringTheNoise pic.twitter.com/7i2du2TAoo
— Košarkarska zveza SIovenije (@kzs_si) September 1, 2022
„Кога автобусот доцнеше неколку минути, и натаму ни беше смешно. Но, кога веќе го немаше 15-20 минути веќе воопшто не беше смешно. Тешко дојдовме и до такси возила, затоа што немаше во тој момент. Очигледна беше и нервозата меѓу играчите. Веруваме дека тоа не беше намерно, но се надеваме дека нема да се повтори. Срамно е сето ова. Вакви работи не би требало да се случуваат на вакво ниво натпревари. Малку чудно за прецизните Германци“ – порачаа од Кошаркарскиот сојуз на Словенија.
На крајот се заврши среќно за Словенците, кои славеа против Литванија со 92-85.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

