Еден од противниците на Македонија на Европското ракометно првенство во Словачка и Унгарија, репрезентацијата на Словенија го објави списокот на ракометари на кои ќе смета селекторот Љубомир Врањеш на претстојниот шампионат.
Врањеш се одлучи за 21 ракометар во првиот дел од подготовките, а некаде пред самиот почеток на шампионатот бројот ќе се намали на 18 играчи. Прва вест е дека на списокот ја нема „ѕвездата“ на Пик Сегед, Дејан Бомбач, а исто така дел од ЕП нема да бидат и Малус, Шоштариќ, Жабиќ…
Подготовките на Словенија почнуваат на 26. декември без играчите од Бундеслигата кои ќе се приклучат на 1. јануари. Пријателски натпревари закажаа со Хрватска на 29. декември и Италија на 5. и 7. јануари.
Покрај Словенија, Македонија за противник во групата А во Дебрецин ќе ги има и Данска и Црна Гора.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА