Ракометната репрезентација на Словенија веројатно нема да има генерална проба пред премиерниот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка против Македонија на 13. јануари во Дебрецин.
Денешниот пријателски натпревар против Италија кој требаше да се игра со почеток во 20 часот е откажан поради позитивен наод на Ковид-19 во репрезентацијата на Италија. Поради целата ситуација најверојатно нема да се одигра ниту вториот предвиден меч меѓу овие две репрезентации, што значи дека Словенците нема да имаат контролни натпревари воочи дуелот со Македонија во Дебрецин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА