Словенија ќе биде дополнително ослабена за претстојниот двомеч од квалификациите за ЕП 2026 против Македонија, откако Миха Зарабец поради болка во грбот ќе мора да мирува во наредниот период.
Она што е интересно, Зарабец на последниот меч од ЛШ даде девет гола за Висла против Спортинг Лисабон, но поранешниот ас на Кил уште пред неколку дена објави дека нема да биде во можност да му помогне на националниот тим.
„Повредата не е наивна, добив силен удар во долниот дел од грбот. Инјекциите не ми помагаат, па ќе морам да одам во Кил, за да ми ги „изгори нервите“ на местото на повредата, по што ќе следи пауза од најмалку десет дена“, објасни Зарабец.
На негово место селекторот Зорман дополнително го повика левото крило на Загреб, Алекс Кавчич. Само за потсетување, Словенците поради најразлични повреди за двомечот со Македонија не можат да сметаат ниту на Митја Јанц, Нејц Цехте, Рок Овничек, Клемен Ферлин, Домен Новак и на Борут Мачковшек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА