Ракометната репрезентација на Словенија, нашиот прв противник на Европското првенство, со која ќе ги одмериме силите утревечер, предмалку пристигна во Загреб. Селекторот Веселин Вујовиќ и неговите ракометари тргнаа со воз од Словенија, а по пристигнувањето во Загреб организаторот им го додели автобусот кој ќе ги опслужува до крајот на шампионатот.
Иако словенечките медиуми најавуваа и навивачка еуфорија, засега таа изостана. Но, веќе утре на мечот се очекува да биде сосема поинаку. Околу 10.000 Словенци се најавени во Загреб, но и повеќе од 2.000 Македонци…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА