Репрезентацијата на Словенија далеку потешко од очекувањата минимално со 1-0 триумфираше против Летонија во 9. коло од Групата Г во квалификациите за ЕП 2020.
Словенците до победата дојдоа со автоголот на Тарасовс во 53. минута од натпреварот.
Во Групата И, Белгија убедлива со 1-4 славеше на гостувањето против Русија во натпревар без посериозно значење со оглед на фактот дека и двете селекции веќе обезбедија пласман на Европското првенство.
Во останатите два натпревари од оваа група, претходно Шкотска славеше на гостувањето против Кипар со 1-2, а Казахстана со 1-3 го победи Сан Марино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА