Словенците го сменија селекторот, тој се враќа назад во Хрватска?

Фудбалската репрезентација на Словеннија во иднина ќе има нов селектор откако беше донесена одлука за разделба од Матијаж Кек, стратегот кој одлично ја водеше селекцијата на ЕВРО 2024, но на крајот ја плати цената за слабите резултати во последните мундијалски квалификации.

Федерацијата денеска објави дека се разделува од овој стратег, кој во двата мандата како селектор ја водеше Словенија на две големи натпреварувања, на СП 2010 и на ЕП 2024.

Искусниот 64-годишен стратег не би требало долго да биде без работа ако се знае дека токму тој е главниот кандидат за нов тренер на Дианмо Загреб. Кек како тренер на Ријека пред неколку години го остави Динамо без шампионски трофеј, што му е главна препорака за до крајот на годинава да се пресели на „Максимир“.

Хрватските медиуми пишуваат дека Звонимир Бобан тактизирал со иднината на сегашнниот тренер токму затоа што имал информација дека Кек ќе ја напушти Словенија, па првиот човек на Динамо сега ќе стори се за да го убеди искусниот Словенец да се врати назад во хрватскиот фудбал.

Се вчитува...