Словенија го потврди своето место на Европското првенство кое во 2024 година ќе се одржи во Германија откако во последниот квалификациски натпревар славеше со 2-1 против директниот конкурент за едно од двете места кои водат на континелтниот собир, Казахстан.
Словенците поведоа во 41. минута преку Шешко кој реализираше од белата точка, а предноста од 1-0 ја задржаа до полувремето. Сепак само три минути од игра во вториот дел од средбата Казахстан стигна до изедначување преку Оразов, а трите бода Словенија ги осигура со голот на Вербиќ во 86. минута.
Од групата во која се овие две репрезентации патник на континенталниот собир е и Данска кој и покрај тоа што претрпе пораз од 2-0 на гостувањето кај Северна Ирска.
Место на Евро 2024 ќе има и за Италија која ремизираше без голови на гостувањето против Украина. За Украинците да се најдеа во следната фаза им беше потребна победа, но мрежите мируваа во Германија мируваа.
Чешка – Молдавија 3-0
Сан Марино – Финска 1-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА