Ракометната репрезентација на Словенија го објави списокот со ракометари за квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство (ЕП) 2026 против Литванија и Естонија.
На списокот буквално не се најде ниту една од големите ѕвезди, откако Словенија веќе обезбеди пласман на ЕП, а тоа значи голем проблем за нашиот национален тим.
Македонија се наоѓа на третата позиција со два бодови, додека Литванија има шест поени, па доколку слави против Словенија ќе го осигура второто место во групата. Нашата селекција во таков случај ќе мора да биде меѓу четиритте најдобри третопласирани селекции доколку сака да обезбеди учество на нов континентален собир.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА