Словенците имаат голгетер од светска класа: Шешко ќе конкурира за гол на годината (ВИДЕО)

Словенија вчера одигра 1-1 против Шведска на гостински терен, а дуелот го одбележа голот на Словенците во 28. минута. Словенија имаше водство, а Шешко со прекрасен волеј го совлада Олсен и донесе водство за својата селекција.

Дефинитивно голот на младиот голгетер ќе конкурира за гол на годината во Европа. Во моментов Шешко е дел од Салцбург.

Сепак, подоцна Швеѓаните израмнија и дуелот заврши без победник, резултат кој ја испрати Шведска во групата Ц во Лигата на Нации.

Голот на Шешко може да го погледнете на следниот ЛИНК. 

Се вчитува...