Словенија влезе во голгетерски ритам и славеше убедливо на гостувањето во Рига со 0-5. Полска беше сигурна на домашен терен против Израел и победи со 4-0.
Домен Чрнигој ги постигна првите два гола за Словенија, потоа двапати во листата на стрелците се запиша и Јосип Иличиќ, а погоди и Миха Зајц.
Полска со 4-0 го совлада Израел. Пјонтек го отвори резултатот, Левандовски од пенал зголеми на 2-0, третиот гол беше дело на Гросицки, а серијата ја затвори Кадзиор.
Табела: Полска 12, Израел 7, Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4, Летонија 0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА