Словенците можат да здивнат: Повредата на Лука Дончиќ не е сериозна

Словенечката кошаркарска репрезентација во подготовките за престојниот Евробаскет кој се одржи од 27. август во 14. септември остана без услугите на најдобриот кошаркар Лука Дончиќ кој прерано мораше да го напушти натпреварот против Летонија.

НБА асот на Лос Анџелес Лејкерс заработи повреда на зглобот откако соиграч падна над него, а и покрај тоа што се претпоставуваше дека станува збор за сериозна повреда, последното соопштение на словенечката федерација донесе радосни вести за сите Словенци.

„Лука Дончиќ на натпреварот против Летонија за среќа не заработи тешка повреда. Последица од немилиот настан во средината на третата четвртина е контузија на десното колено. Капитенот на репрезентацијата и неговите соиграчи по слободниот ден во недела ќе продолжат во понеделник со тренинзите во „Стожице“. Репрезентацијата ќе тренира во полн состав, бидејќи дури и ударите што некои играчи ги добија во жарот на борбата за време на натпреварот не оставија никакви сериозни последици“, стои во соопштението на Кошаркарската федерација на Словенија.

Се вчитува...