Словенците на балкански начин со „напредна технологија“ за сушење терен… (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Олимпија и Лил синоќа во рамките на Конференциската лига на УЕФА беше пред одложување поради големите количини вода на теренот во Стожице, но сепак на крајот се одигра откако реагираа домаќините.

Централниот дел од теренот беше комплетно под вода па домашните се обидуваа на сите можни начин да создадат услови за игра. На крај, вработени во клубот демонстрираа и „напредна технологија“ за сушење на терен со помош на крпи… Сето тоа колку за потсмев на социјалните мрежи.

Но, очигледно и вроди со плод, па официјалните лица на крај дадоа „зелено светло“ натпреварот да се игра. Лил триумфираше со 0-2.

Се вчитува...