Лука Дончиќ е подготвен експресно да се врати на тренинзи и неговото учество на Евробаскет 2025 воопшто не е доведено во прашање, откако најдобриот словенечки кошаркар заработи незгодна повреда на синоќешниот дуел со Летонија.
Еден соиграч при падот налета на Дончиќ при што настрада коленото на ѕвездата на ЛА Лејкерс, Дончиќ повеќе не се врати на теренот, по што се појавија стравувања дека станува збор за сериозен проблем на десетина дена до стартот на Евробаскет. Сепак, Словенечката Кошаркарска Федерација денеска преку соопштение објави дека најдобриот кошаркар експресно ќе се врати на тренинзите на националниот тим.
„По мечот во Рига, репрезентацијата во понеделник ќе продолжи со подготовки, а веќе во вторник на програмата е мечот со Велика Британија во „Стожице“. Капитенот Лука Дончиќ исто така ќе тренира нормално со остатокот од тимот, откако со многу среќа ја заврши средбата со Летонија без посериозна повреда“, се вели во соопштението на Кошаркарската Федерација на Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

