ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Домаќинот Словенија е последниот предизвик за одбојкарската репрезентација на Македонија во групниот сегмент на Европското првенство. „Дежелата“ е силна и сака да биде првопласирана во групата и речиси максимално се фокусирани на утрешното дерби со европскиот првак Русија. Доказ за словенечката одбојкарска грозница е и фактот дека веќе се распродадени сите 12.480 билети за утрешната програма.
Македонија им стои на патот на Словенците денеска, но избраниците на Алберто Џулијани се уверени дека тоа ќе биде „попатна станица“ до големото дерби. Самоуверени се дека ќе остварат триумф, а тоа може да биде шанса и за Македонија да направи големо изненадување.
„Успешно ги направивме првите три чекори, но првенството е долго. Допрва не очекува и големиот дуел со Русија. Наша голема поддршка се фановите, не носат напред со навивачкиот ритам“, вели словенечкиот селектор Алберто Џулијани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА