Словенија го загуби и вториот контролен дуел со Грција, но уште поголем проблем од самиот резултат претставуваат повредите што ги заработија Лука Дончиќ и Влатко Чанчар во Атина.
Дончиќ настрада при една дефанзивна акција, имаше удар колено во колено со еден грчки кошаркар и откако седна на клупата пред крајот на втората четвртина, воопшто не се врати на теренот до крајот на мечот.
Многу посериозно делува повредата на Чанчар, кој важи за еден од клучните играчи во таборот на Словенија. Асот на Денвер незгодно падна по едно атрактивно забивање, се чини дека станува збор за проблем со коленото, па мали се шансите Чанчар да биде подготвен за стартот на СП закажан за 25 август.
Во продолжение, погледнете како се повредија двајцата најдобри словенечки кошаркари во овој табор на националниот тим.
Probably no Luka in the second half pic.twitter.com/cBYQWdEMEH
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 4, 2023
Unfortunately, it doesn’t look good for Vlatko Cancarpic.twitter.com/GC3Q2vuCPB
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) August 4, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

