Со пресврт што долго ќе се памети, Словенија ја победи Хрватска со 31-30 и го освои бронзениот медал на СП во Франција. За Словенците ова е историски прв медал од светските првенства во сите екипни спортови.
Хрватска имаше осум гола разлика и ја имаше „брозната“ во свои раце, но во чудесниот финиш, Веселин Вујовиќ знаеше да ги мотивира своите играчи, а Словенците собраа сили и направија чудо.
Летот до мундијалскиот подиум словенечките ракометари во соблекувалната го овековечија со „летечко селфи“.
А, да биде иронијата поголема, на враќање од Париз, словенечката репрезентација денеска слетува во Загреб, па оттаму продолжува за Љубљана.
Таков се погодил летот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА