ЕКИПА во Љубљана,
Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски
Селекцијата на домаќинот и еден од коорганизаторите на ЕП, Словенија, лесно го доби мечот против Белорусија со 3-0 во сетови, како заокружување на првиот натпреварувачки ден во групата Ц. Словенечкиот состав го освои првиот сет со 25-17, во вториот беше уште поубедлив (25-14), а ни во третиот не дозволи никакво изненадување (25-19).
Турција, која утре ќе биде противник на Македонија во второто коло, успеа да освои еден сет против големиот фаворит Русија. „Зборнаја“ го доби воведниот сет со 25-13, но потоа се опушти, па Турците возвратија со 25-23. Сепак, Русија е многу силна селекција за да дозволи и поголемо изненадување, па наредните два сета ги доби со 25-17 и 25-15.
Во групата А, Бугарија ја совлада Грција со 3-0 во сетови, а Италија беше надмоќна и во три сета ја победи Португалија. Французите исто така со максимален резултат славеа против Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

