Словенците успешно го отворија Евробаскет 2017

Кошаркарската репрезентација на Словенија со победа стартуваше на Евробаскет 2017, совладувајќи ја Полска со 90-81 во премиерниот меч на шампионатот. Во првиот дуел од групата А, словенечкиот национален тим на крилјата на Горан Драгиќ демонстрираше суров квалитет, и во текот на натпреварот изгради и двоцифрена предност.

Првата четвртина Словенците ја добија со 24-22, а на полувреме заминаа со позитива од седум поени (53-46). Во третиот период и дефинитивно го скршија отпорот на Полска, која во последната четвртина сепак успеа да се доближи на пристоен пораз, 90-81.

Горан Драгиќ беше убедливо најефикасен кошаркар во победничката селекција со 30 поени, а Видмар и Дончиќ постигнаа по 11. Кај Полјаците, Понитка беше стрелец на 22 кошеви.

Се вчитува...