„Случај Кулушевски“ во Шведска – Ибрахимовиќ го „распука“ селекторот

Дејан Кулушевски се најде во центарот на вниманието на шведската јавност поради одлуката на селекторот Јане Андерсон да го стартува синоќешниот дуел против Франција со новото засилување на Јувентус на клупата за резерви. Кулушевски ги одигра последните дваесетина минути од оваа средба, немаше позначаен придонес на теренот, но по мечот призна дека очекувал да стаартува од првата минута против актуелниот светсски шампион.

„Минав премалку време на теренот за да можам да влијаам над конечниот исход. Искрено, бев шокиран кога видов дека не сум стартер. Чувството беше чудно, но свесен сум дека ова е дел од фудбалот и го почитувам изборот на селекторот“, истакна Кулушевски.

Едно од првите прашања на прес-конференцијата упатени кон шведскиот кормилар беше токму она за неговите тактички замисли без новата шведска „ѕвезда“ во тимот.

„Кулушевски не изгледаше толку шокирани… Тренираше добро, но добро тренираа и сите останати фудбалери. Тој е квалитетен играч и на крајот ќе излезе посилен поради оваа ситуација. Други прашања? Можеме ли да зборуваме за оние кои играа добро вечерва“, одговори Андерсон.

Овде не е крајот на „случајот Кулушевски“, откако во целата дискусија се вклучи и Златан Ибрахимовиќ, жестоко критикувајќи го селекторот.

„Ова мора да е шега. Уште еден доказ дека некомпетентни луѓе се наоѓаат на погрешни функции во шведскиот фудбал“, порача Ибракадабра.

Се вчитува...