Наполи и по осум одиграни кола има максимален ефект во Калчо-лигата откако тимот на Елиф Елмас денеска славеше над Торино со 1-0, за максимални 24 бода и предност од „плус два“ во однос на второпласираниот Милан. Значаен придонес даде и Елмас, кој сосема случајно асистираше при победничкиот гол на Осимен, топката го удри во грбот македонскиот репрезентативец, на неа налета нигерискиот голгетер и ја смести во мрежата.
Триумфот е апсолутно заслужен ако се знае дека Наполи целосно доминираше, во првото полувреме промашувајќи и пенал откако Милинковиќ – Савиќ го одбрани ударот од белата точка на Инсиње.
„Наполитанците“ погодија на почетокот од второто полувреме преку Ди Лоренцо, но тој гол по долго прегледување со ВАР беше поништен поради офсајд. Веднаш потоа следеше и обидот на Лозано што заврши во дирекот, за отпорот на Торино конечно да биде скршен во 81. минута, со погодокот на Осимен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА