Случајност или не: Мурињо дојде во Португалија на денот кога Сантош доби отказ

Португалија денеска и официјално ја почна потрагата по нов селектор откако на досегашниот кормилар Сантош му беше врачен отказ по четвртфиналниот пораз од Мароко на СП 2022.

Случајно или не, истиот ден на португалско тло слета и Жозе Мурињо, кој се најде во центарот на вниманието на португалската јавност откако со својот тим Рома допатува на мини-подготовки во Фаро. Подготовките беа од претходно закажани, но тајмингот на патувањето го стави Мурињо во преден план кога станува збор за трката за нов селектор.

Како што информира весникот А Бола, „специјалниот“ навистина е во потесниот круг на кандидати, а проблем не претставува ниту фактот дека тој моментно е шеф на стручниот штаб на Рома. Доколку биде постигнат договор, Мурињо за помошник би го зел Руи Жорге, кој би ја имал улогата на селектор до јуни надгледуван од „специјалниот“, за Жозе по завршувањето на сезоната и дефинитивно да си замине од Рим и целосно да се посвети на работата со националниот тим.

Се вчитува...