Егзодусот од Фенербахче по финансиските проблеми и најавеното заминување на тренерот Обрадовиќ стартуваше со Костас Слукас, откако грчкиот плејмејкер реши да си замине од Истанбул се наоѓа пред потпис со Олимпијакос.
За услугите на искусниот плејмејкер се интересираа и Ефес и Реал Мадрид, но Слукас реши да се врати во татковината начелно прифаќајќи ја понудата на „црвено-белите“ за тригодишен договор со кој ќе заработи вкупно 5,5 милиони евра. Договорот се уште не е потпишан, но се очекува преговорите да финишираат во следните седум дена.
Тој беше една од ретките светли точки во тимот на Фенербахче сезонава, постигнувајќи по 11,6 поени и 6,1 асистенции по натпревар во Евролигата. За Слукас овој трансфер е враќање во старото јато, ако се знае дека настапуваше за Олимпијакос до 2015 година, освојувајќи две титули во Евролигата во дресот на грчкиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА