Кошаркарот на Панатинаикос, Костас Слукас, поради повреда на рамото нема да му биде на располагање на тренерот Ергин Атаман за натпреварот од шестото коло во грчкото првенство, а неизвесен е и неговиот настап на претстојните натпревари од Евролигата.
Слукас почувствува болказа време на натпреварот од осмото коло на Евролигата против Олимпијакос, на кој славеше тимот од Пиреја.
Поради тоа е донесена одлука да не настапи на натпреварот против Перистери, а дополнителните прегледи ќе утврдат колкава е повредата и колку долго ќе треба да мирува 34-годишниот плејмејкер.
Слукас се повреди во четвртиот период, кога се обде да дојде до предност користејќи блокада на еден од соиграчите. Веднаш беше сменет, а се гледаше дека има големи болки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА