Грчкиот кошаркар Костас Слукас е на залезот на богатата кариера исполнета со бројни трофеи. 34-годишниот бек говорејќи за медиумите сега го откри и начинот на кој сака да замине во пензија.
Како што вели самиот тој, сака да се пензионира додека е на врвот, а тоа ќе се случи кога ќе му истече актуелниот договор кој го има со Панатаинаикос.
„Не мислам дека долго ќе трае „приказната Костас Слукас“. За две, три години отсега ќе ставам крај. Така мислам. Кога ќе истече мојот договор, мислам дека не сакам да игра после тоа. Сакам да завршам додека сум на врвно ниво и играм за добар и успешен тим“, откри Гркот.
Слукас со кариерата покрај за Панатинаикос настапуваше и за најголемиот ривал на „зелените“, Олимпијакос, како и за Фенербахче. Досега освои четири евролигашки титули, пет титули во грчкото првенство и три Куп титули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА