Грчкиот кошаркар Костас Слукас го продолжи договорот со турскиот гигант Фенербахче. По неколкунеделни преговори грчкиот интернационалец се согласи да потпише нов договор со турскиот клуб во траење од три години.
Во следните три години во Фенербахче, Слукас треба да заработи шест милиони евра, што е еднаква на понудата која што ја доби од шпанска Барселона. 29-годишникот се очекува да стави потпис на договорот во следните денови кога ќе биде и официјално потврдено.
Слукас во Фенербахче пристигна во 2015. година, а со тимот од Истанбул ја освои титулата во Евролигата во 2017.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА