„Слушнав дека Шумахер седи на столче кога вечера“

Минаа 10 години откако Михаел Шумахер доживеа страшна несреќа, после која ништо или речиси малку се знае за неговата состојба. Легендарниот Ф1 возач преживеа, но повредата на главата остави тешки последици врз него. Неговата ситуација не е позната во јавноста.

Од време на време од некои извори излегуваат информации за неговата состојба. Неговото семејство ги крие сите детали околу тоа во каква состојба е Шумахер.

Поранешниот возач на Формула 1, Џони Херберт изнесе нови информации.

„Слушам некои информации од втора рака. Слушнав дека Шумахер седи на столче кога вечера, но не знам дали тие информации се точни. Можам само да читам меѓу редови. Немаме многу информации од семејството, и за мене е разбирливо. Михаел и семејството од секогаш беа познати по чување на тајни“, рече Херберт и додава:

„Таков беше и кога возеше. Не се смени ситуацијата ниту сега. Сакаме да знаеме дали ситуацијата се движи во позитивна насока. Затоа што немаме информации, можеме да претпоставиме дека и натаму не е во ситуација да постои шанса за целосно закрепнување“, вели Херберт.

Се вчитува...