Ален Смаилагиќ минатото лето го напушти Партизан и потпиша за Жалгирис, а крилниот центар имаше сосема солидни партии под водство на тренерот Тринкиери.
Сепак, откако италијанскиот стручњак ги спакува куферите и го напушти кормилото на литванскиот гигант, сега се очекува истото да го стори и српскиот репрезентативец. Последните информации говорат дека Смаилагиќ дефинитивно заминува од Литванија, но ќе остане во Евролигата. Виртус Болоња ќе биде негов нов клуб, откако италијанскиот првак го избрал токму Смаилагиќ за замена на извонредниот Шенгелија, кој летово си замина и потпиша договор со Барселона.
Виртус ќе плати и отштета за овој кошаркар кој има уште една година од договорот со Жалгирис. Литванскиот шампион веќе има обезбедено и негова замена, 23-годишниот литвански крилен центар Азулас Тубелис, поранешен кошаркар на Аризона во НЦАА-лигата кој минататата сезона ја мина во Ритас, во просек бележејќи 12,3 поени и шест скокови на натпреварите во литванското првенство и во Лигата на Шампионите на ФИБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

