Смена по една година: Надал го презеде АТП врвот од Ѓоковиќ

По точно една година и шест дена, Рафаел Надал се врати на врвот на АТП листата. Тој од денеска е пред досегашниот лидер, Новак Ѓоковиќ. Надал има 9.585 бода, а на српскиот тенисер ниту титулата во Париз не му помогна во одбраната на првата позиција. Рафа има 640 бода повеќе од Ѓоковиќ кој без првото место остана затоа што во пресрет на завршниот турнир во Лондон се бришат ланските бодови токму од Лондон, но и од Париз.

Битката за првото место на крајот од годината, Ѓоковиќ и Надал ќе ја водат веројатно на турнирот во Лондон. Претпоставките се дека Шпанецот ќе се опорави навреме за завршните битки во годината. Рафаел Надал ја почна 197. седмица на врвот на АТП со што е шести на вечната листа која ја предводи Роџер Федерер со 310 недели на првата позиција.

Третото место на АТП листата и натаму го држи Роџер Федерер, пред Данимл Медведев. Петтопласиран е Доминк Тим, а потоа на шестото место е Стефанос Циципас кој ја презеде позицијата од Александар Зверев. Матео Беретини и Роберто Баутиста Аугт напредуваа за по една позиција. Топ 10 друштвото го заокружува Гаел Монфис.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...